ДИК го заклучи избирачкиот список – 1.806.336 гласачи за претстојниот Референдум

Државната изборна комисија (ДИК) го заклучи избирачкиот список со вкупен број на 1.806.336 гласачи за претстојниот Референдум на 30 септември.

Од вкупниот број, соопштува ДИК, 1.725.913 гласачи се запишани во изводите за гласање во Република Македонија, 76.060 се запишани во посебните изводи како лица кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство, а не поднеле пријава за гласање во странство.

Исто така, 1.558 се во посебниот извод на гласачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, 7 гласачи се запишани како внатрешно раселени, 2.694 гласачи се запишани во посебниот извод за гласање во странство и 104 гласачи се запишани во посебниот извод како членови на избирачки одбори кои ќе го спроведат гласањето во странство.