ДИК: До 17 часот во Теарце гласале 377 лица

Од Државната изборна комисија соопштија дека до 17 часот на избирачкото место 2011 во Теарце гласале 377 лица, или 52,80 отсто од вкупниот број на гласачи во избирачкиот список.

Во текот на прегласувањето не се регистрирани никакви проблеми, со исклучок на 15 минутен прекин кој се случи во девет часот утрово. Но, откако беа обезбедени нови УВ ламби, гласањето продолжи.

Во списокот се запишани 714 избирачи. Во споредба на 11 декември, излезноста до 17 часот беше 350 лица.