ДИК: До 13:00 часот – 20.76% од гласачите излегле на референдумот за ГТЦ

Вкушно 9.043 граѓани, односно 20,76 проценти од вкупниот број гласачи излегле да гласаат на референдумот за изгледот на ГТЦ што се одржува во Општина Центар, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Право на глас имаат вкупно 43.560 жители на Општина Центар кои гласаат во 78 избирачки места.

Од ДИК велат дека има голема разлика во податоците од различни избирачки места – таа се движи од 8% до 34%. Прашањето на референдумот е „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар?“. За референдумот да биде успешен, потребно е да излезат половина од запишаните во избирачкиот список, односно нешто повеќе од 22.000 гласачи. За да се задржи автентичниот изглед на ГТЦ, над половина од нив треба да гласаат „За“.