Дигиталните магазини веќе не се достапни на Google News

Како вистинско ‘изненадување’ стигна веста дека дигиталните списанија повеќе нема да бидат достапни на Google News.

Известувањето стигна по е-мејл на сите оние кои биле претплатени на било кој магазин чија ПДФ варијанта била достапна на сервисот на Google. Претплатниците кои се претплатиле на списанијата во 2020 ќе бидат рефундирани.

Магазините веќе нема да бидат достапни на сервисите на Google, но сепак, повеќето имаат свои вебсајти на кои може да се читаат содржините, па дури и апликации со таа намена.

Тоа е најверојатно причината поради која сервисот се затвори. Google ја лансираше одделната апликација Google Play Magazines во 2012 која потоа се пренамени во Google Play Newsstand. Меѓутоа апликацијата беше деактивирана во 2018 и сите магазини беа достапни на Google News.

Сепак, нема причина за грижи доколку сте се претплатиле на некој магазин преку Google во последниве осум години. Сета содржина на магазините на кои сте се претплатиле ќе биде достапна на Google доколку сакате да пролистате низ стари изданија.

Сите оние кои сѐ уште сакаат да читаат магазини на интернет без да ги употребуваат вебсајтите, тоа можат да го направат преку Apple News+.

Извор: Mashable