Dick Costolo се повлекува од функцијата извршен директор на Твитер

Извршниот директор на компанијата Twitter, Dick Costolo се повлекува од својата функција на 1 јули, се вели во писмото испратено до акционерите. Ко-основачот Jack Dorsey ќе го замени како привремен извршен директор.

Дорси во моментов е извршен директор на компанијата за исплати Square, така што тој ќе преземе двојна улога додека Одборот на директори не најде постојан извршен директор.

Во писмото не пишува зошто Costolo се повлекува или кои се неговите идни планови. Сепак, според гласини, оставката не е по негова волја, со оглед на тоа дека оваа вест се очекувала веќе неколку месеци, а инвеститорите биле загрижени дека Twitter не расте доволно брзо. Акциите на компанијата веднаш скокнале по објавувањето на веста за неговото повлекување.

Кратко по објавувањето на информацијата, Dorsey изјави дека повлекувањето е одлука на Costolo, но ќе остане во Одборот на директори.