ДИЦ: Гимназијалците до утре да достават нова пријава за полагање државна матура

Државниот испитен центар (ДИЦ)ги соопшти деталите за годинешното полагање на државната матура. Дописот , посочуваат од ДИЦ е испратен до сите средни училишта во земјава за детално информирање за структурата, динамиката на активностите и процедурите за реализација на државната матура за учебната 2014/2015 година.

„Полагањето на тестовите ќе се врши единствено во писмена форма и предметот математика ќе биде изборен за сите ученици, појаснуваат од ДИЦ.  Согласно Процедурите за организирање и спроведување на екстерниот дел од државната матура, учениците од завршните години во гимназиското образование потребно е во текот на денешниот, а заклучно со утрешниот ден, (вторник, 5 мај), до училиштата да достават нова пријава за полагањето на државната матура, објавена на интернет страницата www.matura.gov.mk.“, поспчуваат од Државниот изпитен центар.

За оние кандидати кои нема да поднесат пријава во овој рок, ќе важи последната доставена пријава до училиштето.

Екстерните испити од државната матура во учебната 2014/2015 година ќе се реализираат според следната динамика:

• мајчин јазик и литература на 11 јуни;
• странски јазик на 15 јуни;
• математика на 17 јуни;
• хемија, физика, биологија, историја, бизнис, филозофија и естетика на 19 јуни.

Сите испити започнуваат во 10 часот . Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит, информираат од ДИЦ.