Џиновски мртов папагал откриен во Лондон во чест на Monty Python

Џиновски мртов папагал откриен во Лондон во чест на Monty Python

Гигантска скулптура на мртов папагал денеска е обесена наопаку во паркот Potters Fields во Лондон, во чест на повторното обединување на дружината Monty Python. Скулптурата ќе биде пренесена во O2 арената, од каде во недела во живо ќе биде пренесувано шоуто.  

Џиновски мртов папагал откриен во Лондон во чест на Monty Python

Скечот со мртвиот папагал во национална анкета во Британија беше изгласан за најпопуларен од целиот опус на прочуените комичари. Скулптурата е висока околу 17 метри и е дело на екипа предводена од главниот скулптор Iain Prendergast, кој вели дека со задоволство ја прифатил работата, која е дел од маркетингот на ТВ каналот Gold:

„Сите сме фанови на Monty Python и сме среќни што добивме можност да го создадеме легендарниот „Норвешки син папагал“ во големи димензии“, вели Prendergast.