Џез викенд во Прилеп на крајот од месецов

Џез викенд во Прилеп на крајот од месецотНеколкумина прилепчани – вљубеници во модерната џез-музика, со желба за збогатување на музичкиот живот во Прилеп, иницираа манифестација која ја нарекоа „Прилеп џез викенд“.

Организаторите соопштуваат дека локалната самоуправа ја поддржала нивната идеја, а „Прилеп џез викенд“ ќе се одржи последниот викенд од август, како дел од циклусот на општина Прилеп насловен „Сезонски фестивали“. Првото издание на фестивалот беше во 2012 година. Повеќе информации околу овој настан погледнете на видеото во прилог, како и на prilepjazz.mk.