Џамлиите се забрануваат во Македонија, не биле безбедни

Децата повеќе нема да играат со џамлии, затоа што државата со нови регулативи ги забранува оваа традиционална играчка, пишува Телеграф. Според стандардите за безбедност на детски играчки, џамлиите не се безбедни бидејќи постои опасност децата да ги проголтаат.

Џамлиите се забрануваат во Македонија

„Овие производи не го поминуваат тестот на безбедноста бидејќи се помали од 31 мм, најмалата дозволена мерка за делче од Најголем дел од увозниците на играчки веќе знаат, па џамлии не можете да најдете во големите продавници за играчки“, појаснува Фатмир Шехи, инспектор од Државниот пазарен инспекторат.

„Играчките што се повлечени содржат елементи помали од 31 мм и покрај тоа што имаат ознака и декларација со која се гарантира дека се безбедни. Производите се несообразни доколку немаат целосна документација, односно „CE“ ознака, што не значи дека таа ознака е ставена според вистинита проверка за безбедност“, предупредува инспекторот.

Во последната координирана акција на Државниот пазарен инспекторат, санитарниот и инспекторатот за труд, само инспекторот Шехи издал решение за повлекување на четири производи што се небезбедни и еден ќе го предложи за испитување на Санитарниот инспекторат.

Извор: Телеграф