Девојка од Сингапур е официјално вработена како првиот Покемон Гоу тренер

Дваесет и двегодишната Ајви Лим е вработена како тренер за играта Покемон Гоу, откако се покажала како најдобар кандидат за работата за која аплицирале повеќе од 5000 заинтересирани.

Компанијата Фанзинг, која го отворила работното место, јавува дека Лим е „фриленс“ модел и диџеј. Таа ќе добива 1000 долари месечно во рок од три месеци за да им помага на Фанзинг да организираат Покемон Гоу настани и да им покажува на посетителите како да ја играат играта.

Фанзинг е веб страница за настани со сличен дизајн како на Ер Би-ен-би, преку која корисниците се пријавуваат за активности и настани во нивна близина.

Голем број активисти на интернет се пожалиле дека платата на Лим е премала за редовно работно место во Сингапур, но таа вели дека парите се само плус бидејќи и онака игра Покемон Гоу целио време.