Девојка јаде само брза храна веќе 16 години, без здравствени проблеми

21-годишната Британка Faye Campbell нема никакви здравствени проблеми ниту проблеми со тежината. Таа има несекојдневна фобија од овошје, зеленчук или каква било здрава храна поради која веќе 16 години јаде само мрсни и нездрави јадења: пици, хамбургери и чипсови.

Campbell чувствува мачнина веднаш штом некој спомне овошје или зеленчук, а ако случајно се најде на место на кое некој подготвува здрава храна, веднаш и се слошува, па поради тоа избегнува да оди во ресторани или воопшто на дружења кај пријателите и семејството. Ова влијае и на нејзиниот интимен живот, затоа што не може да излезе на романтична вечера во ресторан или да подготви некој специјалитет во домот.

Девојка јаде само брза храна веќе 16 години, без здравствени проблеми

Физички чувствувам мачнина ако само помислам да ставам во уста овошје или зеленчук. Еднаш едно момче резервира маса во ресторан, а завршивме во Мекдоналдс“, вели девојката.

Таа е свесна за својот проблем, а одбивањето на овошјето и зеленчукот не е хир од детските денови, туку резултат на пореметување кое предизвикува киселина и болки во стомакот ако јаде храна која не и одговара.

„Во мојот мозок постои нешто што ме тера да одбијам здрава храна. Всушност, имам фобија“, вели Faye, признавајќи дека би сакала еден ден да оздрави и да јаде како сите останати луѓе.