Девојчињата во карантин извршуваат повеќе домашни обврски отколку момчињата

Младите девојки стануваат заробени во традиционалните улоги во домот и го занемаруваат училиштето, вели хуманитарна организација.

Девојчињата и девојките на возраст од 14 до 24 години стануваат одговорни за поголемиот дел од домашните обврски за време на пандемијата, па им останува многу малку време да се посветат на училиштето, забележуваат одговорите на скорешна анкета.

66 отсто од девојчињата и жените помеѓу 14 и 24 години истакнале дека поминуваат повеќе време во готвење за нивните фамилии – уште една нус појава од карантинот. За разлика од нив, само 31 отсто од момчињата и мажите од истата возрасна група истакнала дека поради пандемијата поминуваат подолго време извршувајќи домашни обврски.

Девојчињата и жените исто така поминуваат повеќе време во чистење (процентите изнесуваат 69 отсто кај женскиот, а 58 отсто кај машкиот род), кај пазарувањето процентите изнесуваат 52 отсто кај женскиот род за разлика од 49 отсто кај машкиот род.

Девојчињата поминуваат и повеќе време грижејќи се за помалите браќа и сестри (28 отсто за разлика од 16 отсто кај мажите). Овие резултати ги покажала анкетата во која се вклучиле 1000 испитаници, а била организирана од хунамитарната организација „Нивни свет“.

„Овие резултати покажуваат дека женската еднаквост може да се врати 10 години наназад поради пандемијата, а ваквата статистика треба да биде и потсетник дека борбата за родовата еднаквост е се уште во тек.

Резултатите покажуваат и дека кога девојчињата не одат на училиште лесно може да бидат заробени во традиционалните домаќински улоги и да биде загрозено нивното образование“, изјавила Сара Браун, лидерката на „Нивни свет“.

Истражувањето исто така сугерирало дека кога младите не го посетуваат училиштето, под ризик е ставено нивното ментално здравје. Скоро едно во пет девојчиња истакнало дека доживува потешкотии, а 45 отсто од испитаничките истакнале дека пристапот до квалитетно образование им е една од најголемите грижи.

Организацијата „Нивни свет“, повикува властите ширум светот да го стават образованието, особени за девојчињата, како суштинско прашање кое треба да е решено во пандемијата. Организациите сметаат дека овој проблем може да се реши со поголемо финансирање на училиштата, факултетите и универзитетите.

Извор: Guardian