Со плакати на кои пишува #Протестирам и Шарена револуција, демонстрантите кои и денеска во 6 часот попладне се собраа пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, тргнаа кон Собранието.
Тие ги повикуваат останатите граѓани да им се придружат и скандираат „Слобода“ „Готово е Никола“, „Затвор за фашистите“.
Барањата на демонстрантите се оставка од Иванов, повлекување на аболицијата, одложување на изборите најавени за 5 јуни, но и вклучување на претставници на граѓаните идни преговори за излез од политичката криза.
Освен во Скопје, протести се одржуваат во десетина градови низ земјава, како Велес, Кочани, Прилеп, Струмица, Охрид, Кавадарци.
![Протест во Велес](http://www.radiomof.mk/wp-content/uploads/2016/04/13076630_10209481291851920_5481975510286389954_n.jpg)
Протест во Велес
Инаку истовремено контра-протести организирани од ГДОМ- Граѓански движење за Македонија ќе има во Прилеп, Велес, Кавадарци, Битола и Охрид.