Деветти научен собир на млади македонисти

Повеќе од триесет млади научници од земјава и светот ќе се обратат на деветтиот Меѓународен научен собир на млади македонисти, дводневна конференција во чест на професорката Лилјана Минова – Ѓуркова. Конференцијата која беше отворена денеска, се одржува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Конференцијата почнува да се организира од 1993 година, на иницијатива на професорката Минова – Ѓуркова. По нејзината прерана смрт, таа се одржува во нејзина чест.

На собирот учествуваат научници кои се занимаваат со изучување на македонскиот јазик и македонската книжевност, а целта на настанот е да се здружат младите сили и да се покаже нивниот интерес кон јазикот.

По официјалното отворање на собирот, денеска беа промовирани зборниците од седмиот и осмиот собир.

Првиот научен собир се одржа на 20 и 21 мај 1993 година на иницијатива на проф. д-р Лилјана Минова – Ѓуркова од Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Основниот концепт на собирот беше тој да претставува научна средба на млади научни работници чија прва или втора специјалнмост е македонскиот јазик. На досегашните собири учествувале над 350 млади научници.

Целата програма може да се види ОВДЕ.