Деветте круга на пеколот од Божествена комедија направени со Лего коцки

Романскиот артист Михаи Мариус Миху поминал седум месеци во градејќи ги визиите од пеколот од Божествената комедија на Данте Алигиери. За да ги создаде деветте круга на пеколот му биле потребни речиси 40000 Лего коцки.

„Не ја прочитав Божествената комедија, само кратките описи кои ги најдов на интернет. Не сакав да бидам под влијание на оригиналните описи, бидејќи сакав сосема нов пристап за секој круг. Мислев повеќе на значењето на насловите, и потоа ја користев само мојата имагинација“.

Извор: Telegraph