„Деветта Димензија“- изложба на стрип-табли и албуми

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”- Скопје во соработка со издавачката куќа „Стрип Квадрат“ на 27 март (петок) во 18.00 часот во холот на НУБ  ја организира изложбата „Деветтата димензија” која ќе го претстави македонскиот стрип.

Со стрип табли и албуми ќе бидат претставени повеќе македонски автори.

Покрај тоа, посетителите ќе може да се потсетат на уникатните „Мак стрип“ изданија кои НУБ ги има сочувано во своите фондoви.

За Деветтата димензија ќе говорат Маја Мицевска од НУБ и Душко Кралевски, новинар и познавач на стрипот. Изложбата ќе ја отвори д-р Иван К. Заров, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ –Скопје.