Деветмина починати од кои двајца на 23 и 29 години, регистрирани 98 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека од Ковид-19 во изминатите 24 часа починале девет лица, односно, двајца пациенти од Скопје на 23 и 71 година, пациент од Крива Паланка на 52 години, двајца пациенти од Гостивар на 60 и 62 години, пациент од Куманово на 60 години, пациент од Велес на 70 години и двајца пациенти од Струмица на 29 и 44 години. Од нив, осуммина се починати во Болнички услови, а една пациентка од Струмица починала при транспорт кон Скопје.

Од МЗ информираат дека во последните 24 часа се потврдени 98 нови случаи, односно, регистрирани се 50 случаи во Скопје, девет во Струмица, седум во Тетово, шест во Куманово, пет во Прилеп, по четири во Штип и Битола, три во Струга, по два случаи се регистрирани во Охрид и Делчево и по еден случај е регистриран во Велес, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Берово и Кичево.

Институтот за јавно здравје регистрирал 104 оздравени пациенти, односно, 46 од Скопје, девет од Тетово, осум од Прилеп, по шест од Штип и Делчево, пет од Македонски Брод, по четири од Пехчево и Берово, три од Охрид, по два од Струмица, Крива Паланка, Кочани, Виница и Кичево и по еден од Велес, Гевгелија и Свети Николе.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15925,  бројката на оздравени пациенти е 13418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1846“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се осум пациенти, а вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 40 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  четири деца и пет мајки позитивни на Ковид-19 и три деца и три мајки суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 16, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 149, позитивни и сомнителни на ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 167.760 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.404 теста.