Деветмина починати и 509 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 509 нови случаи на Ковид-19.

Регистрирани се 285 случаи во Скопје, 37 во Прилеп, 29 во Кавадарци, 24 во Охрид, 16 во Тетово, 11 во Тетово, по десет во Битола и Крива Паланка, по девет во Струга и Гевгелија, по осум во Куманово и Неготино, по седум во Кочани и Крушево, по шест во Гостивар и Штип, по четири во Ресен, Делчево и Берово, по три во Пробитшип, Кратово и Богданци, по два во Свети Николе и Валандово и по еден случај во Струмица и Радовиш.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се пријавени вкупно девет починати лица. Починати се четворица пациенти од Скопје на 71, 66, 63 и 55 години и по еден од Охрид на 67 години, од Куманово на 68 години, од Кочани на 85 години, од Делчево на 61 година и од Демир Хисар на 84 години.

Регистрирани се 354 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 198 , Куманово – 20, Прилеп – 18, Кавадарци – 17, Тетово – 14, Гевгелија – 11, Велес и Струмица – по 10, Гостивар – 8, Неготино – 6, Крива Паланка – 5, Радовиш, Берово и Дојран – по 4, Штип, Ресен и Виница – по 3, Битола, Струга, Кочани, Валандово и Кратово – по 2, Кичево, и по 1 од Делчево, Пробиштип, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.917, бројката на оздравени пациенти е 90.096, на починати е 3.085, а бројот на активни случаи изнесува 6.736“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 506.378 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.085 тестови.