Девет починати, 193 новозаразени и 46 оздравени пациенти од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека се потврдени 193 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 140 случаи во Скопје, 19 во Тетово, 11 во Охрид, шест во Штип, пет во Струга, четири во Гостивар, по два во Куманово, Велес и Ресен и по еден случај во Дебар и Свети Николе.

Од МЗ информираат дека починале девет лица, односно пет од Скопје, две од Куманово, и по еден пациент од Тетово и Охрид. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни.

„Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни. Во ОБ Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни“, стои во соопштението на МЗ.

Институтот за јавно здравје регистрирал 46 оздравени пациенти, односно, 35 од Скопје, шест од Штип и по еден од Куманово, Тетово, Струга, Гостивар и Валандово.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4482 бројката на оздравени пациенти е 1803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2469“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15 пациенти, а седум се префрлени од болницата „8-ми Септември“. На Клиниката вкупно се хоспитализирани 95 пациенти, а од нив на кислородна поддршка се 43 пациенти, додека нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата „8-ми Септември“, пак, примени се 20 нови, а вкупно се хоспитализирани 109 пациенти. Од нив, на респираторна машина се седум, a со потешка клиничка слика се уште 30 пациенти.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, информираат од МЗ.

Бројката на активни случаи по општини во Скопје заклучно со вчера изгледа вака:
• Чаир – 306
• Аеродром – 119
• Бутел – 106
• Гази Баба – 114
• Центар – 114
• Карпош – 100
• Сарај – 95
• Кисела Вода – 71
• Ѓорче Петров – 57
• Студеничани – 62
• Шуто Оризари – 46
• Арачиново – 33
• Илинден – 28
• Петровец – 12
• Чучер Сандево – 7
• Сопиште – 11
• Зелениково-1
• Странец – 2
• Нераспределен-1

Од МЗ додаваат дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.

Досега во земјава се направени вкупно 46.445 тестирање на Ковид-19, а во последните 24 часа е направено 1.391 тестирање.