Девет починати, 162 новозаразени и пет оздравени пациенти од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 162 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 92 случаи во Скопје, 32 во Тетово, 14 во Ресен, пет во Дебар, четири во Охрид, по три во Куманово и Струга, по два случаи во Прилеп и Гостивар и по еден случај во Штип, Гевгелија, Струмица, Крива Паланка и Свети Николе.

Од МЗ информираа дека починале девет лица, односно, три од Скопје, две од Тетово и по едно лице од Прилеп, Струга, Велес и Гостивар.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациент од Тетово (62г), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62г), хоспитализиран пред три дена.

Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Скопје (69г) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73г) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70г) хоспитализирана на 2 јуни.

Во болницата во Прилеп почина пациентка на 81 година, хоспитализирана на 11 јуни. Во болницата во Тетово почина пациент (59г), во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69г) а во болницата во Гостивар на пациентка (58г) која починала на 11 јуни, позитивниот резултат на ковид е докажан постмортем“, стои во соопштението на МЗ.

Институтот за јавно здравје регистрирал пет оздравени лица, односно, две од Скопје и Прилеп и едно лице од Тетово.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4057, бројката на оздравени пациенти е 1710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2159“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминативе 24 часа примени се четири нови, а вкупно се хоспитализирани 96 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 35 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата „8-ми Септември“ примени се 15 нови, а вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. Од нив, на респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 20 пациенти.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 22 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 63 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19“, информираат од МЗ.

Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а се уште не се стигнати резултатите од лабораторијата во Жан Митрев. Од МЗ најавија дека доколку стигнат, истите ќе бидат објавени во следниот извештај.

Досега во земјава се направени вкупно 43.040 тестирања на Ковид-19.