Девет градинки добија грантови за промовирање на заштита на животната средина

Програмата за мали грантови, обезбедена од Делегацијата на Европската Унија, одвои средства за финансиска поддршка на девет градинки чија цел во иднина ќе биде да спроведуваат еколошки проекти.

Програмата е дел од кампањата „ЕУ за Тебе“ што ја спроведува Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО. Нејзина цел е да промовира заштитата на животната средина преку поттикнување на еко градинките да развијат и имплементираат практични еколошки проекти на теми како: енергија, вода, управување со отпад и чист воздух.

Преку проектот на девет градинки им беа доделени грантови во висина од 1 000, 700 и 500 евра.

Како резултат на процесот на селекција од официјалниот повик од „Програмата за мали грантови“, беа наградени градинките: „Астиво“ во Штип, „Гоце Делчев“ во пробиштип, „Димче Мирчев“ во Велес, „Вера Циривири Трена“ во Штип, „Детска радост“ во Гази Баба“, „Срничка“ во Аеродром“ и „Гоце Делчев“ во Илиндин.