Детски ЗОО Кидс фест

Во Зоолошката градина во Скопје од денеска почнува реализацијата на проектот „Детски ЗОО Кидс Фест 2014“, кој ќе биде забавен и едукативен, фестивал наменет за најмладите. Од денеска до октомври секоја сабота најмладите ќе имаат можност покрај стандардните забавни содржини да се забавуваат со овој уникатен детски фестивал.

Детски ЗОО Кидс фест

Фестивалот е замислен како едукативно-забавен настан кој ќе се одржува секоја сабота од 11 до 13 часот, пренесе МИА. На фестивалот ќе настапуваат децата учесници на популарниот детски фестивал „Поточиња“ кои ќе ги пејат своите најголеми хитови. Како дополнителна забава, присутните ќе имаат можност да научат дел од модерните танци заедно со Танцовиот клуб „Сонриса“ чии инструктори од сцената ќе ги покажуваат карактеристичните движења за сите популарни танци.

Едукативна нота на целиот настан ќе дадат аниматорите од „Се за роденден“, кои за децата имаат подготвено различни едукативни содржини, игри, натпревари, како и посебен шатор во кој ќе се откриваат посебни таленти. Инспирирани од животните, игрите ќе ги забавуваат децата, но и ќе ги учат за животните кои се „станари“„ на Зоолошката градина во Скопје.