Детски мјузикл: „Градот моли: ме угушивте, ме боли!”

Скопје Смог Аларм подржан од Еко свест, во соработка со колектив Ветерница, подготви детска едукативна претстава која како тематика го обработува проблемот со аерозагадувањето на сликовит и интересен начин.

„Мјузикл кој преку најубавите детски песни успева да го задржи вниманието дури и на најмалите, со една цел – зголемување на нивото на свест за последиците од загадувањето, од кое за жал се најпогодени оние кои ни значат најмногу“, велат организаторите.

Настанот ќе се одржи во понеделник (26 декември) со почеток во 19 часот, во Младинскиот културен центар (кино Фросина). Влезот е слободен.