Детски маскенбал во недела во Скопје Зоо

Во недела (31 март), во пресрет на празникот на шегата- 1 Април во Зоолошката градина во Скопје (Скопје Зоо) ќе се одржи голем детски маскенбал со почеток во 12:00.

Забавата ќе започне со едукативна еколошка детска претстава „Зеленковци“, а потоа ќе има парада на маски и подароци за секое маскирано дете.

Најдобрите маски ќе бидат наградени. Влезот за маскенбалот е 50 денари, односно редовна цена на влезница во Зоолошка градина Скопје, соопштија од Скопје Зоо.