Детски маратон во скопската зоолошка градина, пријавувањето е во тек

За првпат, Зоолошката градина во Скопје, заедно со Агенцијата за млади и спорт и Атлетската федерација на Македонија, организираат детски маратон кој ќе се одржи во ботаничката градина на зоолошката на 9 мај. Настанот се организира по повод 9 Мај, Денот на Европа.

Во ботаничката градина ќе се одржат четири трки – две на 150 метри (машка и женска категорија, 7-8 години) и две на 100 метри (машка и женска категорија, 5-6 години). За сите учесници се обезбедени подароци, а првите три места од секоја категорија ќе добијат посебни награди и медали.

Пријавувањето ќе започне од четврток, 25 април. Податоците за учесникот – име и презиме и датум на раѓање се испраќаат на мејлот: zoolskaskopje@gmail.com до 5 мај, а бидејќи бројот на учесници е ограничен, дел од трката ќе бидат оние кои ќе се пријават први до пополнување на бројката во секоја категорија.

Маратонот ќе започне во 13 часот.