Детска едукативна патека во Маврово

Детската едукативна патека со должина од 1 километар утре ќе биде пуштена во употреба во националниот парк Маврово.

Таа е наменета за деца на возраст од 6 до 12 години бидејќи дава можност преку интерактивна прошетката децата да се запознаат со биодиверзитетот во регионот, да го погледнат првиот „Хотел за инсекти“, да ги набљудуваат орлите, но и да се вклучат во некоја од интерактивните игри.

Детската патека се наоѓа во локалитетот Бунец, а за прошетката низ неа ќе бидат задолжени водичите од здружението одговорно за турите на патеката – „UpLand Adventure“.

Pokana_Kids_Trail_Mavrovo

Патеката утре напладне ќе ја отворат директорот на Националниот парк Маврово, Онер Јакуповски со претставници од Швајцарската Амбасада, по што ќе следи и првата промотивна прошетка низ неа.