Детската едукативна книга „Коронавирус“ на македонски јазик бесплатно достапна онлајн

Издавачката куќа Феникс од Скопје го објави бесплатното електронско издание на детската едукативна и илустрирана книга „Коронавирус“ на македонски јазик.

Книгата е практичен и информативен прирачник со едноставни објаснувања за коронавирусот и неговите последици од здравствена перспективано и неговото влијание на секојдневниот живот на семејството.

Изданието е популарно и илустрирано, односно е наменето за деца, но и за возрасни, со многу полезни и практични совети за справување со коронавирусот. Книгата содржи и бројни совети од наставници и детски психолози, кои помагаат да се објаснат промените со кои во моментот сите сме соочени.

Изданието е проект на британскиот издавач „Nosy Crow“од авторите Елизабет Џенер, Кејт Вилсон и Ниа Робертс со илустрации на Аксел Шефлер, во соработка со професорот Грејам Медли.

Идејата за објавување на македонското издание, како и преводот е на Наталија Ѓерѓева.

Книгата може бесплатно да се преземе од веб-страницата на Феникс на следниот ЛИНК.