Детска работилница за ретката болест ХАЕ во недела во Парк на франкофонија

Под мотото „Отекувам, но не се повлекувам – цртам!“, здружението ХАЕ Македонија организира детска работилница за ретката болест ХАЕ на 13 мај (недела) во 11 часот во Паркот на франкофонијата во Скопје.

Работилницата предвидува игри и активности со кои на децата ќе им се приближат симптомите на оваа болест, бидејќи има и деца кои страдаат од оваа состојба и кои се чувствуваат издвоени во средината во која растат.

Целта е на најмладата популација на креативен начин да и се долови чувството што значи со оточе на раце / нозе да се црта, трча и слично.

Акцент ќе се стави на развивањето сочувство и емпатија кај децата не само кон пациентите со оваа болест, туку и кон пациентите и децата со другите ретки болести.

Настанот е организиран во соработка со училиштето за странски јазици ЛИОН.