Децата од скопските градинки ќе ги цртаат „Спомениците на нашиот град”

Во рамките на проектот  „Скопје низ детските очи“ , за децата од скопските градинки во четврток ќе биде организирано ликовно ателје на градскиот плоштад на тема „Спомениците на нашиот град”.

Фото: Градинка Весели Цветови

Фото: Градинка Весели Цветови

Ќе учествуваат по десетина деца од 17 градинки во Скопје, а настанот на плоштадот “Македонија” е закажан во 1о часот.

Носител на овој проект е јавната детска градинка „8-ми Март” од Кисела Вода. На проектот му претходеа организирани посети на некои од позначајните спомен-обележја, како и новоизградени спомен-куќи и музеи. Ваквите прошетки имаат за цел децата од градинка да ги запознаат со историското минато на македонскиот народ.

Фото: Градинка Весели Цветови

Фото: Градинка Весели Цветови

Од ликовното ателје се очекува да произлезат детски ликовни творби, кои ќе бидат дел од наградниот конкурс во организација на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за култура и јавните детски градинки од градот Скопје.