Дете хакирало владин сајт, давало информации на Анонимуси во замена за видео игри

Дете од петто оделение стои зад хакерскиот напад со кој лани беше срушен владиниот веб сајт за време на студентските протести во Квебек, Канада. Дел од информациите кои ги добило преку хакираните сајтови, момчето им ги испратило на фрупата Анонимуси, во замена за видео игри.

Дете хакирало владин сајт, на Анонимуси им давало информации во замена за видео игри

12-годишникот е виновен за предизвикување неколку инциденти кои ги парализираа  владините сајтови, меѓу кои и оној на Институтот за јавно здравје на Квебек, но и сајтот на владата на Чиле.

Дел од сајтовите беа блокирани два дена, објави „Toronto Sun“, додека илјадници студенти од Квебек во 2012 година протестираа против поскапувањето на школарините, се пресметуваа со полицијата и го нарушуваа јавниот ред и мир.

Според проценките на полицијата, 12- годишното момче предизвикало штета од 60 илјади долари. Момчето минатата седмица, во придружба на својот татко и адвокатот, се појави пред канадскиот суд.

Пред судот адвокатот истакна дека акцијата на петоодделенецот не била политички мотивирана.

„Тој на ова гледал како на нов предизвик, детево има 12 години“, истакнал адвокатот пред судот, пишува Toronto Sun.

Момчето влегува во хакерскиот свет од својата деветта година. Полицијата ги уапси и останатите соучесници во ланскиот хакерски напад, но било утврдено дека 12 годишното момче им го отворило патот кон информациите.

„А потоа им покажал и на останатите како да го сторат тоа“, истакнал полицискиот ИТ експерт пред судот.

Според Toronto Sun,  детален извештај за обвинението ќе има следниот месец, кога се очекува пресусата за 12-годишникот.

Ове не е прв пат во историјата на Квебек кога малолетник е обвинет за хакирање сајтови на владини институции.

Извор