Десничарскиот претседател, Андреј Дуда со повторна победа на изборите во Полска

Од полската изборна комисија пренесуваат дека контроверзниот политичар победил со 51.2% од добиените гласови.

Изборите беа најтесната трка во полската историја, со тоа што либералниот градоначалник Рафал Тржаковски освоил 48.8% од добиените гласови.

Во својата кампања, Дуда посочил кон полската ЛГБТИ+ заедница, велејќи дека „ЛГБТИ+ идеологијата“ е поштетна и од комунистичката индоктринација.

Тој истовремено ветил дека ќе ги забрани истополовите бракови.

Ваквите предизборни изјави на Дуда беа за време на кампањата на кандидатот Роберт Биедрон, првиот јавно истакнат геј кој исто така се кандидирал за претседателската функција.

Освен поништување на геј правата, партијата на власт во својата кампања користела и анти-семитски наратив претставувајќи го кандидатот Тржаковски како некој кој ќе ја продаде државата за еврејски интерест.

Како градоначалник на Варшава, Тржаковски потпишал декларација за толеранција кон ЛГБТИ+ заедницата.

Според податоците од изборната комисија, излезеноста на последните избори била близу до рекордот, достигнувајќи 68.12% граѓанска излезеност.

Опозицијата посочила кон изборни нерегуларности.

„Собираме информации и сигнали за различен вид на нерегуларности, но се уште немаме комплетна слика за ситуацијата“, истакнал Томаж Симониак, член на Парламентот за „Ројтерс“.

Извор: Independent