Десковска: Проблеми со документите ја закочија изградбата на студентскиот дом во Тетово

Поради проблеми со документацијата за почеток на изградбата не се гради студентски дом  за Државниот универзитет во Тетово (ДУТ), одговори министерка Рената Десксока на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Прашањето го постави Неџмедин Каремани од БЕСА, кој посочи дека МОН во 2016 отворило тендер и била избрана градежна фирма.

„Тендерот за изградба на студентскиот дом  е завршен уште пред моето доаѓање во Министерството. Склучен е договор којшто требало да почне да се реализира, но поради немање на сите дозволи кои треба да бидат издадени од надлежните органи, за жал, изградбата не можеше да биде почната. Министерството од моето доаѓање неколку пати аплицира за добивање на сите потребни дозволи, но се уште немаме добиено дозвила, рече Дескскоска.

Министерката соопшти и дека изведувачот кој е избран на тендерот и со кој е склучен договорот, се обратил до МОН со барање да му биде раскинат договорот зашто изградбата не е почната.

„Но нашиот став во МОН беше дека ние ќе правиме напори што е можно побргу да се извади целокупната потребна документација за почеток на градба и тој договор не е раскинат. Така што, штом се создадат услови, изградбата ќе биде почната“, додаде Дескоска.