DesignThinking.МК – нов вебсајт за поттикнување креативно размислување

Од денеска е достапен DesignThinking.mk, нов вебсајт за кој креаторите велат дека ќе биде инспиративен медиум кој ќе поттикнува креативно размислување и решавање предизвици.

„Design Thinking“ претставува техника на рационално и интуитивно размислување. Метода со која компаниите и поединците на креативен начин  можат да дојдат до решенија за одредени проблеми или пак да креираат иновативни продукти и услуги.

„Инспирирани од самата практична примена на „Design Thinking“ меѓу лидерите како „Apple“, „IBM“, „Lego“, и придобивките кои се остварени од примената на оваа методологија увидовме дека „Design Thinking“ е вистинскиот начин да се открие потенцијалот на една компанија, тим, продукт, услуга. Резултатите сами сведочат за моќта на „Design Thinking“ – токму затоа решивме да ја запознаеме нашата заедница подобро со оваа методологија преку инспиративниот медиум фокусиран токму на „Desing Thinking““, велат од медиумот.

Од DesignThinking.mk посочуваат дека посетителите на интернет-страницата ќе можат да се информираат и едуцираат за моќта на оваа методологија и нејзините предности. Преку различните интервјуа, блогови, едукативни видеа, прашања и одговори тие ќе имаат прилика да видат како „Design Thinking“ методологијата може да даде одговори на најголемите предизвици но, истовремено и да научат како да го применуваат овој концепт во нивното секојдневие.

„Целта на овој интерактивен медиум е да понуди поголема едукација за „Design Thinking“ не само како методологија туку и како начин на размислување, отворање на нови перспективи и запознавање на македонската публика со светска методологија.Tокму затоа овој медиум е наменет за секој кој е спремен да одговори на предизвиците, без разлика дали станува збор за компанија која сака да го подобри својот продукт или услуга или пак амбициозен индивидуалец кој сака да се информира за најновите „Design Thinking“ новости и да ги збогати своите вештини. По тој повод, наскоро се очекува да дознаете повеќе за „Design Thinking“ преку искуствата на професионалците од нашиот регион, како и виртуелна работилница за осознавање на оваа методологија, за секој кој е подготвен да научи нешто ново и истото да го примени“, додаваат од медиумот.