Десетто издание на Саемот за вработување и кариера

БЕСТ Скопје и Студентски парламент на Факултетот за Информатички науки и компјутерско инженерство- СП ФИНКИ го организираат десеттиот, јубилеен Саем за вработување и кариера (Job Fair).

JobFair2014

Целта на настанот е да им се овозможи на студентите и дипломците да стапат во директен контакт со компаниите кои се во потрага по амбициозен и квалификуван кадар. На тој начин, студентите ќе добијат можноста да се запознаат со претпријатија од нивната стручна област и со потенцијалните работодавачи.

Заинтересираните можат да го остават своето CV на www.jobfair.org.mk, и да ги посетат компаниите учеснички за време на саемот, да учествуваат на презентации, предавања и обуки на различни теми.

Официјалното отворање на саемот ќе се одржи на 10 март, во Бизнис салата на Скопски Саем.

На 11 и 12 ќе можат да се посетат штандовите во просториите на МФС/ФЕИТ и ФИНКИ/ТМФ, додека на 13 и 14 март на Градежен и Архитектонски факултет.