Десетто издание на Лузер Фест во МКЦ

Десеттото издание на „Лузер Фест“, ќе се одржи утре со почеток од 20 часот.

Годинава, од 40 пристигнати материјали,  во живо ќе настапат 8 млади артисти. Како и во минатите години, победникот ќе го избира публиката во „единствена демократска атмосфера и гласање, кои не може да се „фејкуваат““ – пишуваат организаторите.
Оние изведувачи кои ќе освојат прво место ќе имаат можност да го снимат својот прв студиски албум.
Оваа година на фестивалот ќе настапат групите „Шес Чаши Свеш Швепс“, „Orange Groove“, „Хајка“, „Inner Hate“, „Cut your nipple“, „Wardenclyffe“, „Misanthrope“ и „ЅРЕТИ“.

Шес Чаши Свеш Швепс“ е неодамна формиран бенд, кој свири експериментален фанк, додека „Orange Groove“ е музички експеримент – фузија на хип-хоп и трип-хоп со примеси на амбиентална музика и електроника. „Хајка“ е млад, експериментален бенд кој постои од оваа година.

Inner Hate“ e бенд од Кичево, кој постои од 2017 година и се подготвува за снимање на нивниот прв студиски албум. „Cut your nipple“ е бенд формиран во 2018 година, кој свири P-Funk Rock. „Wardenclyffe“ е психоделик-прогресив трио, формирано пред една година во Куманово.

Misanthrope“ е бенд од Битола, формиран во 2016 година. На почетокот, свиреле песни од други метал бендови, но желбата да почнат да создаваат нешто свое ги мотивирало да работат на авторски материјал. Во моментот работат на својот деби-албум.

ЅРЕТИ“ е македонски бенд создаден во јуни 2018 година. После нивното спонтано тридневно творење во Прага, излегува нивното прво ЕП издание „Слатки, мали музики“.

Картата за настанот истовремено е и гласачко ливче со кое посетителите ќе можат да гласаат за својот фаворит.