Десеттиот „Види музика, слушни слика, добиј книга“ со симфониски аранжмани од „Пинк Флојд“

Десеттиот, јубилеен мултимедијален настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“ ја носи музиката на „Пинк Флојд“.

На 22 јуни во скопскиот Градски парк, оркестарот на Македонската филхармонија ќе се претстави со делата на култната англиска четворка, аранжирани за симфониски оркестар.

„Бидете со нас под отворено небо!“, соопштија од Македонската филхармонија.