На 10 и 11 мај на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе се одржи десеттиот научен собир на млади македонисти – конференција во чест на проф. Лилјана Минова-Ѓуркова.
На годинешниот собир свои реферати ќе имаат 38 млади македонисти, првпат со идентичен број од земјава и до странство: 19 – 19.
Конференцијата се отвора во четврток во 9:30 часот, по што е предвидена сесија за лингвистика со повеќе излагачи. Во петок, пак, најавена е целодневна сесија посветена на литература. И во двата денови ќе има дискусии.
Повеќе информации за настанот и начин на пријавување ТУКА.