Десетина демонстранти и еден новинар починаа во насилни протести против образовните реформи во Мексико

Најмалку десет лица се убиени во судирите со локалната и федералната полиција во мексиканската држава Оаксака, меѓу кои и новинар кој бил на протестите да известува за нив. Десетици други лица, и полицајци и демонстранти, се повредени.

Демонстрациите започнале мирно, пред неколку месеци. Членови на Националната мрежа за координација на образовните работници, најголемиот наставнички синдикат во државата, почналe да штрајкуваат против образовните реформи кои ги усвои актуелна влада. Тие реформи би барале од наставниците да задолжително да полагаат стандардизирани тестови со кои би се евалуирале нивните квалификации.

Со реформите исто така треба да се укинат јавните „нормални“ училишта кои работат во руралните и осиромашени делови на Мексико, каде генерално живеат домородните племиња. Ова се всушност училишта каде се тренираат учители и нудат алтернативно образование за младите од оваа заедница кои не пораснале работејќи земјоделие. „Нормалес“ постојат речиси еден век.

Мексиканската влада одговори на протестите со апсења, а на 19 јуни прв пат отвори оган и фрли солзавец на топлата.

„Пукаа во нас како да сме животни“, вели Вилијам Васкез, 34-годишен наставник. Морал да се одбрани со дрвен стап.

„Ова е единственото оружје кое го имаме. Не носиме пиштоли. Тие пукаа на невооружени цивили“.

Федералната и државната влада тврдат дека се пукало само на „радикални групи“ кои напаѓале полицајци.

Мексиканскиот министер за внатрешни работи, Осорио Чонг, конечно се согласил да се сретне со претставници на Националната мрежа,за да ги дискутираат реформите. Жителите кои ги блокирале патиштата до градот, велат дека сакаат полицијата да замине од градот. Повикуваат и на формирање на „аутодефенсас“, односно цивилни полициски сили управувани од заедницата.

Извор: Snopes