Десетици активисти беа уапсени денеска на протестите на „Extinction Rebellion“ кои започнаа двонеделни мирни акции со граѓанска непослушност ширум светот, барајќи од владите да преземат итна акција за климатските промени.
Активистите денеска блокираа патишта, мостови и плоштади низ Лондон. До 12 часот и 30 минути по локално време, 135 луѓе биле уапсени во британската престолнина, соопшти метрополитенската полиција преку Твитер.
BREAKING: Young rebels lock on to the scaffolding erected in Trafalgar Square.
.
“We will raise our voices to @UKParliament… they think they can decide what to do with our planet!”
.
In love & rage we raise our voice, in a vision of #BurningEarth #extinctionrebellion #actnow pic.twitter.com/upNMPAZ8Dq— Extinction Rebellion London (@XRLondon) October 7, 2019
Стотици активисти блокираа пат во Сиднеј, каде одржаа „sit-in“ протест, на кој полицијата уапси 30 луѓе.
Мала група активисти, исто така, се „врзаа“ себеси на мостот во Бризбејн, а тамошната полиција соопшти дека уапсила седум лица.
Во германската престолнина Берлин, околу 1 000 луѓе го блокираа градскиот парк, во знак на протест што започна во раните утрински часови. Членови на „Extinction Rebellion“, исто така направија камп пред канцеларијата на канцеларката Ангела Меркел, како одраз на незадоволството од пакетот за климатски политики изготвен минатиот месец од нејзината влада.
Во Холандија, стотици демонстранти извикуваа „Бунт!“, блокирајќи го сообраќајот во центарот на Амстердам, пркосејќи на забраната од полицијата.
„Extinction Rebellion“ е основана минатата година во Велика Британија од академици, а стана една од најбрзорастечките еколошки движења во светот. Активистите бараат од владите да прогласат климатска и еколошка вонредна состојба, да ги намалат емисиите на стакленички гасови до нула до 2025 година, да ја успорат загубата на биолошката разновидност и да бидат воведени нови „собранија на граѓани“ за климатска и еколошка правда.
Движењето, познато и како „XR“, моментално има ограноци во педесетина држави.