Десетгодишно момче победи на првиот Minecraft национален шампионат на САД

Во изминатите шест недели во 40 градови низ САД беше одржан првиот Национален шампионат во популарната видео игра Minecraft. Победник е 10-годишниот Julien од Лос Анџелес, познат како SuperKraft11.

SuperKraft11 и неговиот тим во изминатите шест недели се пресметале со околу 1000 противници. Тој освоил повеќе поени од било кој друг играјќи во Super League натпреварот, за што освоил трофеј и школарина од 5000 долари. Неговиот тим исто така е прогласен за најдобар на шампионатот, за што добиле школарина од 10000 долари која треба да ја поделат.

Компанијата која ја има создадено играта вели дека ваквите настани го поплочуваат патот за нов вид на „гејмерски атлети“, кои наскоро ќе учат во факултетите низ светот за да ги искористат вештините кои ги научиле играјќи онлајн игри.

Наредниот Minecraft Super League натпревар ќе се одржува во 80 градови во САД, а започнува во февруари наредната година.

Извор: The Next Web