[Фото] Десетгодишниот Бошев го искачи врвот Мормулада во Италија

Неготинецот Ване Бошев, на десет ипол години го искачи врвот Мормулада Пунто Пениа. Тоа е еден од најпознатите врвови на Доломити во Италија со најдолга стена, висок 3.343 метри.

Искачувањето се одвивало на стаза опремена со метално јаже за безбедност на искачувачите. Експедицијата броела 12 планинари – пет од Македонија и седум од Србија.

„За овој подвиг тој интензивно се подготвуваше на македонските планински врвови. Во тоа многу му помогнаа Магдалена Климова од Охрид и Александар Кленов од Демир Капија. Уште еднаш ги почувствува убавините, но и ризиците на планините, изјави денеска неговиот татко Орданче, кој е исто така планинар.

Младиот Бошев дел од фотографиите ги објави и на социјалните мрежи.

„Ако овој стол е наменет за Кралицата, јас сум Крал на Доломитите, затоа што на неполни 11 години го поминав на најголгото ферате во Европа и тешкото симнување по замрзнатиот глечер. Благодарение на искусните и стабилни водичи успеавме безбедно да слеземе по мошне опасниот подледен глечер“, напиша младиот Бошев на Фејсбук, кој планинари и освојува домашни и странски врвови уште од неполни три години.