Десет години Youtube

Кон крајот на 2015 година, кога Youtube постоеше само неколку месеци, еден од неговите ко-основачи објави дека корисниците на оваа интернет страница ги употребуваат нејзините материјали еквивалентно на целата Blockbuster продавница која служела за изнајмување на DVD видеа и VHS ленти. Денеска, видео од 300 часа се прикачува на страницата секоја минута.

Светскиот онлајн видео гигант, стана третата светски посетувана веб страница, после Google и Facebook. Според Jawed Karim, тој и уште двајца негови колеги од PayPal, Chad Hurley и Steve Chen, започнаа со сајтот откако биле фрустрирани што не можеле да најдат снимки од Boxing Day tsunami во 2004 година и проблемите со гардеробата на Janet Jackson за време на нејзиниот настап на Super Bowl истата година.

Речиси секој може да прикачи видео на Youtube, бесплатно и да ја има шансата да постигне милијарда корисници месечно, без разлика дали тоа се активисти, терористи, политичари или поп ѕвезди.

Извор: telegraph.co.uk