„Десет дена Мировна република“ – тренинг за соочување со минатото и изградба на мир

Во периодот од 19 до 29 август, Мировна акција – Прилеп и Тетово, го организира десеттиот по ред „Тренинг за соочување со минатото и изградба на мир“.

Според најавата на Мировна акција, тренингот нуди простор за размена на различни погледи.

„Ги отвораме болните теми од минатото поврзани со историјата на конфликти со намера да ги направиме поподносливи за во иднина. Некои од темите што ги разработуваме се: насилство, разбирање на конфликти, соочување со минатото, изградба на мир, ненасилна акција, родни улоги, дискриминација, како и идентитет и национален идентитет“, велат од Мировна акција.

Од таму потенцираат дека програмата е отворена и флексибилна, направена е да ги следи потребите, можностите и мотивацијата на учесниците/чките и се менува по потреба.

Тренингот е отворен за сите полнолетни граѓани и граѓанки на Република Македонија (нема горна старосна граница). За учество на тренингот не е потребно да си член/ка на здруженија на граѓан(к)и или да си активен/на во некоја неформална граѓанска иницијатива.

Рокот за пријавување е најдоцна до 10 август на мејлот treninzi@mirovnaakcija.org.

Повеќе информации ТУКА.