„Денс фест“: Tанцов маратон – потрага по допир

Со свечено отворање во живо и онлајн стриминг преку „Јутјуб“ на 4 септември во паркот МКЦ ќе се отвори овогодинешното издание на „Денс фест“. Фестивалот оваа година го одбележува 30 годишниот танцов јубилеј под мотото „Танцов маратон – потрага по допир“.

Со почеток во 20 часот, фестивалот ќе се отвори со „Идентитети – историја на еден растегнат сон“ на Рисима Рисимкин, за во 21 часот да се додели наградата „Менада“ за животно дело и млад уметник од областа на танцот.

По примопредавањето на наградата, присутните ќе може да го проследат танцовиот филм „Lake of red“ (Црвено езеро) на Шамел Питс и „Consent“ (Консент) на Меган Бриџ.

По танцовите филмови, следуваат изведбите на Адријана Данчевска – „Дома“, „Нејзин простор“ на Ивана Балабанова и „Кинцуги“ на Ивана Коцевска.

Првото издание на „Денс фест“ – фестивал за модерни танци се одржа во 2005 година со цел да оствари силни врски со уметници од други држави и култури и да создаде можност за соработка.

Влезот за фестивалското издание е бесплатен, а местата се ограничени.