„Денови на светската книжевност – американски класици“ во НУБ

Националната универзитетска билбиотека Св. „Климент Охридски“ и Американското катче во Скопје во центарот за конференции и студии во НУБ денеска го организираат вториот настан од „Деновите на светска книжевност“ насловен „Американски класици: поттикнување на метакогницијата преку кратките раскази на Реј Бредбери“.

Осврт за Американската книжевност ќе има Вера Сотировска, која се фокусира на важноста на читањето и развивањето на имагинацијата преку расказите на Бредбери.

Помеќу класиците на американската научно-фантастична книжевност почесно место зазема токму Реј Бредбери, чии најпознати дела се романите „Фаренхајт 451“ и „Марсовските хроники“. Сите вљубеници на пишаниот збор ќе можат да ги купат делата од американските писатели кои се преведени на македонски јазик. Во текот на 2016 година во Националната универитетска библиотека Св. „Климен Охридски“- Скопје ќе бидат промовирани дела од македонската тековна и актуелна книжна продукција и од капиталните издавачки проекти, а ќе бидат организирани и разни трибини и книжевни средби, се со цел да се привлече читањето и неговото развивање од сите генерации.

Следни планирани манифестации кои треба да се организираат во март се Ден на читателот и претставување на унгарската книжевност.