„Денови на кариера“ годинава од 19 февруари

Осумнаесеттото издание на манифестацијата „Денови на кариера” ќе започне на 19 февруари и ќе трае до 23 февруари, соопштија организаторите.

Овој проект, кој низ годините постојано е организиран од млади ентузијасти – волонтери, успеа поради својот пристап на работа да ги надмине сите турбулентни времиња. Оваа година, кога го доживува своето полнолетство, за првпат ,,Денови на кариера” е организиран од здружениот организациски комитет на двете најголеми студентски организации, АИЕСЕК ЛК Скопје и ЕЕСТЕК ЛК Скопје.

„Денови на кариера“ годинава од 19 февруари

Најголемиот саем на компании во Македонија ќе се одвива во период од 19 до 20 февруари,  во просториите на Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, додека од 21 до 23 февруари на Економскиот Факултет како и на кампусот на техничките факултети ќе се одржи едукативен семинар.

„Низ своето долгогодишно постоење, „Денови на кариера” прерасна од едно практично збиднување, кое овозможуваше интеракција помеѓу студентскиот и коорпоративниот сектор. Учесниците ја користат можноста практично да ги покажат своите квалификации, да присуствуваат на организирани обуки со кои ќе ги развијат своите меки вештини, но и да стекнат искуства и добијат совети за подобрување на својот настап при потрагата по вработување. Преку овој настан настан учесниците имаат шанса да ги истакнат своите способности, но и да се надоградат на личен план. Сите активности во ова пет дневно случување се насочени да се постигне крајниот резултат кај посетителите, односно да им се понуди можност за развој на сопствената професионална кариера. Привлекувањето на амбициозен и квалификуван работен кадар е клучно за успехот на секоја прогресивна организација. Компаниите кои долги години наназад го подржуваат „Денови на кариера” искуствено знаат дека агендата на овој проект им овозможува да дојдат во непосредeн контакт со токму таков кадар. Секоја година. Прецизно и на место. Се што студентите треба да направат е да аплицираат на www.careerdays.org.mk и да донесат мотивационо писмо на самиот настан“, велат организаторите.

Извор