Денови на францускиот филм во Битола

Француската Алијанса Битола во соработка со Францускиот Институт од Скопје и Центарот за Култура Битола, ќе го одржи четвртото издание на Деновите на француски филм.

Манифестацијата ќе биде отворена во четврток (16 април), со почеток од 20 часот од амбасадорката на Република Франција, Н.Е Лоренс Оер. На отворањето ќе се прикаже филмот „Далеку од Луѓето”, на Давид Оелхофен (2015), со Виго Мортенсен, Реда Катеб и Џемел Барек.

Присутните ќе имате можност да проследат четири врвни филмови на тема „Актуелните настани во фокусот на францускиот Филм”, а влезот за проекциите е слободен.