Денеска почна уписот за средношколците

Денеска и утре е првото пријавување во јунскиот уписен рок за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 24 јуни.
Вкупно 35.445 места се слободни за упис за учебната 2015 – 2016 година, од кои 23.778 се наменети за стручните струки, а 11.053 за гимназиско образование. 408 уписни места има за учениците кои сакаат да се запишат во уметничко образование, а 204 се за спортската академија со дисперзирани паралелки во повеќе општини во Македонија.
Конкурсот е објавен на интернет-страницата на Министерството за образование и наука каде се наведени сите слободни места, критериумите за упис, како и потребните документи.Вториот уписен рок е на 29 и на 30 јуни, а резултатите ќе се објават на 1 јули. Полуматурантите пак, кои нема да се запишат во првите два уписни рока, ќе имаат можност на 24 август, а резултатите ќе ги добијат наредниот ден.
Училиштата кои нема да ги пополнат утврдените ученички места, ќе продолжат да запишуваат ученици до 27 август.