Денешна програма во кампот пред Влада

Обраќања, музика, караоке, проекција на филм, се дел од активностите предвидени во програмата на четвртиот ден во кампот пред Влада.

До 18 часот, присутните ќе можат да се рекреаираат слушајќи музика и да го посетат хуманитарниот базар од кој по симболични цени можат да купат рачно изработени производи.

Денеска, по 18 часот, обраќања ќе имаат Дамјан Манчевски (политичар), Митко Гогов (активист и поет), Уранија Пировска (активистка за човекови права), Рамадан Рамадани (аналитичар) и Ида Протугер (новинарка). 

Вечерта следува караоке со Огнен Јанески, а во 21 часот ќе се одржи музички перформанс на Златко Ориѓански со актерите од претставата „Солун град на духови”. Како и претходните, и оваа вечер ќе има проекција на филм, овојпат „CABARET“ на режисерот Bob Fosse.

Граѓаните од движењето „Протестирам“ пак, денеска повторно ќе се сретнат во 18 часот на Школка, во Градски парк со цел да ја довршат вчерашната дискусија за нивните понатамошни активности.