Денес завршува фестивалот „Приштина во Скопје“

Моќта на креативата се препознава по интересот. Изминатите два дена Јавна соба беше место за размена на идеи, културни содржини и соработка.

Денес завршува фестивалот „Приштина во Скопје“

Дуги е млад, перспективен кулинар кој е школуван во Италија а од неодамна е на чело на новоотворениот ресторан во елитниот крај на Приштина, ресторанот Умами. Вчера, пред публиката во „Јавна соба“ Дуги подготви традиционална бабина погача на косовски начин и косовски омлет. Рецептот кој го преземал од својата баба успечно ја модифицирал со што денес ова погача се служи со пикантен крем кој се состои од пиперки, млечен крем и урда. Омлетот е приказна сам за себе. Дуги вели дека младите генерации лудуваат по него. Јадењето е перфектен микс од локален сезонски зелечук, домашна кобасица и јајца, одлично зачинети и избалансирани во поглед на количина и вкусови.

На отворањето, диџеј Јехона одржа вистинска лекција во поглед на добра клубска музика. Од 21:00 па се до 01:00 во Јавна соба повеќе генерации и етникуми ја почуствуваа нејзината страст и креативност. Евидентно е зошто Јехона е резидентен диџеј во Берлин и неколку градови во Швајцарија.

Денес завршува фестивалот „Приштина во Скопје“

„Приштина во Скопје“ продолжи и вчеравечер. На репертоар беше диџеј „Dagg x base” со својот настап од 21:00ч. Домашната публика уште денес ќе може да се запознае со дизајнерите и уметниците од Приштина кои во „Јавна соба“ ќе ги промовираат своите производи.

Се очекува најголем интерес да има за модниот дизајн, особено за трите нови колекции на женска облека на Нита Блачаку која неколку години работеше како моделар со повеќе модни студиа и неодмна исфрли сопствени колекции на пазарот. Брендот „Трала-ла” на дизајнерката Бесијана Кастрати се прослави по хартиените производи, честитки, нотеси, украсни кеси и други производи од хартија.

Влезот во Јавна соба е слободен за сите посетители. Фестивалот “Приштина во Скопје” кој е во организација на Јавна соба и Кварттрае уште денес, 27.март.